Повреден мотоциклист по судир со автомобил во Куманово
23.05.2025 20:39
| KumanovoNews
Мотоциклист вчера е повреден при судир со автомобил и мотор во кумановската населба „Тоде Мендол“.

„Околу 20.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и ул.„1“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(50) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(18) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово“, соопшти МВР.