Повреден мотоциклист, се удриле „голф“ и „хонда“
15.07.2025 14:37
| KumanovoNews
Мотоциклист се здобил со сериозни повреди, при судир на автомобил и мотор.

Вчера околу 12.45 часот е пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово-Липково, на влез од паркинг простор на приватна фабрика, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(18) од с.Липково и мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.А.(36) од с.Черкези, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.