Повреден пешак во населбата „Перо Чичо“
20.11.2025 12:35
| KumanovoNews
Пешак се здобил со тешки повреди откако во него удрил автомобил во населбата „Перо Чичо“.
„Завчера околу 19:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул. „Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „Фолксваген Голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од 27-годишна девојка од Куманово, удрило пешак од с. Тромеѓа, кумановско“, соопшти МВР.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

