Повреден возач на мотокултиватор, излетал од коловоз и удрил во ѕид
        17.07.2024 14:48
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа, откако вчера со мотокултиватор удрил во ѕид на објект.
                  „Во 13.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Доне Божинов“ во Куманово, А.А.(26) од Куманово, управувајќи мотокултиватор „ИМТ 509“ со кумановски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во ѕид од објект. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово“, соопшти МВР.
Полицијата извршила увид на лице место.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



