Приведен кумановец - крадел струја, му пронашле и дрога
12.05.2025 13:42
| KumanovoNews
Полицијата привела 43-годишен кумановец, затоа што крадел струја, а поседувал и дрога.

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, дигитална вага и пари, додека екипа од ЕВН констатирала дека постои кражба на струја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.
(фото. архива)