Приведен кумановец поради кражба, пронајдени се и парите
23.05.2025 08:45
| KumanovoNews
Кумановската полиција привела 45-годишен маж под сомнение дека украл пари од куќа во Куманово.

„На 21. мај во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода кумановец, поради сомнение дека од приватен имот на улица „Косовски бригади“ во Куманово одзел пари. Тој бил приведен во полициска станица, парите биле пронајдени и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.