Приведен кумановец, пронајдена марихуана, амфетамини, таблети...
14.08.2023 07:18
| Оливера Пешевска
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје и Отсекот за општ криминалитет при СВР Куманово, вчера привеле 27-годишен кумановец.

„При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени марихуана, таблети, амфетамин, дробилка, дигитална вага и поголема сума на пари во различни валути и апоени. Додека, при преглед на неговото возило „мерцедес“ биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело“, соопшти МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.