Приведен кумановец, возел со 1.57 промили алкохол во крвта
15.07.2025 12:06
| KumanovoNews
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово утринава во 4.30 часот привеле 31-годишен кумановец.

„При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „опел“, и по преземени мерки било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.57 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.