Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сопственик на продавница од Куманово е приведен откако во неговиот продажен објект се најдени 500 парчиња пиротехнички средства.
„На 19 декември во 20.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.К.(36) од Куманово. При претрес во неговиот продажен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 парчиња пиротехнички средства“, известуваат од полицијата.
Р.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.