Приведени двајца кумановци, едниот крадел бакар, другиот го откупувал
09.04.2026 08:43
| KumanovoNews
Двајца кумановци се приведени затоа што се осомничени дека едниот крадел бакар, другиот го откупувал.
„Полициски службеници од СВР Куманово го привеле Е.И. (35), затоа што во деловен објект на улица „Доне Божинов“ одзел бакарни предмети. По добиени сознанија, истата екипа го лишила од слобода и 80 годишниот М.П., кој вршел откуп на овие крадени предмети“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.