Прогласени најдобрите просветни работници во Куманово
03.06.2026 08:56
| KumanovoNews
Здружението на просветни работници ги прогласи најдобрите просветни работници во основните и средните училишта во Куманово.
Просветни работници кои со својата работа се истакнале во учебната 2025/2026 година се: Ирена Анастасовска од ООУ „Кочо Рацин“ во категоријата одделенска настава, Дафина Јосимовска од ООУ „Браќа Миладиновци“ во категоријата предметна настава и Елена Марковска од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ во категоријата средни училишта.
Постхумни признанија за особен придонес и длабока трага во просветната дејност во Куманово им беа доделени на прерано починатите Слаѓан Станковиќ-Битрак и Лидија Николовска Георгиевска.
Наградите беа врачени на свечена седница што синоќа се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово.