Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари, што е за 12,9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Со зголемување на платите во образованието (за 18,9 проценти), уметност, забава и рекреација (за 18,8 посто) и јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17,0 %).
Во однос на претходниот месец, јули 2024 година предничат секторите уметност, забава и рекреација со зголемување од 5.3 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство, со зголемени исплати за 4.2 проценти и објекти за сместување и сервисни дејности со храна за (3,2%).