Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Заедничко прославување на Бадник, во понеделник на 6 јануари ќе организираат членовите на месната заедница „Панче Пешев“, во паркот на „Кипер“. Собирот е планиран за 10 часот .
„Ќе подготвиме закуска, грав, баници- се како што доликува на Бадник и како што налага традицијата. Ќе се дели и бадникова погача со паричка, а оној кај кој ќе се падне паричката ќе ја има честа да биде кум на прославата следната година. Токму тоа е и намерата, да се прослави еден убав ден во заедницата и со луѓето со кои секојдневно се среќаваме“, објаснува Бобан Кипријановски, еден од иницијаторите.
Деновиве ќе се информираат сите станари на зградите од двете страни на булеварот да се приклучат на прославата, а интерес покажале и дел од жителите во индивидуални семејни куќи.