Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре ќе се спроведе првиот третман на ларвицидна дезинсекција против комарци и крлежи на јавни површини во Куманово.
Ќе се третираат зелените површини на Градски парк, “Октомвриска револуција” на Градски кеј и зеленилото пред зградите К4, “Тоде Думба” - Кошеви, Спомен Костурница, двата градски плоштади и Соколански парк.
„На ден 22 април, вторник ќе се спроведе првиот третман на ларвицидна дезинсекција, во период од 08.00 до 16.00 часот, со цел уништување на ларвите на комарците на застоени води на територијата на општина Куманово. На ден 22 и 23 април, вторник и среда ќе се спроведе првиот третман на дезинсекција против крлежи, во раните утрински часови, од 05. до 08. часот“, соопшти Општина Куманово.
Во случај на неповолни временски услови за извршување на третманите за дезинсекција, истите ќе бидат одложени до наредниот поволен ден.