Пукната водоводна цевка ја поплави “Октомвриска“ (видео)
11.08.2023 21:33
| Сузана Николиќ
Пукната водоводна цевка вечерва поплави дел од улицата "Октомвриска револуција“ во Куманово.
Дефектот настанал околу 21 часот на водоводната мрежа во близина на некогашен Мај маркет, па водата се разлеа по коловозот кон зеленото пазарче.
На терен се екипи на ЈП „Водовод“, кои ги прегледуваат околните шахти за да ја затворат водата.
