Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Експресниот пат Страцин - Крива Паланка денеска беше официјално пуштен во употреба, со што патувањето од Куманово до Крива Паланка се крати од еден час на 40 минути.
Овој пат почна да се гради во мај 2018 година и е дел од Коридорот 8 со должина од 25,5 километри.
Вкупната инвестиција е 93,7 милиони евра од кои 80,2 милиони евра се средства од Светска Банка, а останатите се грант средства во висина од 13,5 милиони евра. На експресниот пат има изградено три клучки, три моста, 13 вијадукти и 44 косини.
На официјалното пуштање во употреба, присуствуаше премиерот Христијан Мицковски.
„Сакам да им кажам на граѓаните коишто ќе го користат овој пат, ова не е пат ниту на СДСМ ниту на ВМРО-ДПМНЕ ниту на било која друга политичка опција. Ова е пат на граѓаните и ова е пат којшто ќе остане за граѓаните и тие се тие коишто ќе го користат. Кредитот којшто е добиен од страна на финансиските институции ќе биде враќан од парите на граѓаните, затоа нема никој право да го присвојува, никој нема право да кажува дека ова е негов пат, ова е ваш пат“, кажа Мицковски.