×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реконструкција и дигитализација на три основни училишта во Куманово, најави Јаневска

    03.10.2025 20:46 | KumanovoNews

    Во Куманово ќе се инвестираат 360 милиони денари за изградба, реконструкција и дигитализација на основните и средни училишта, кажа Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната трибина „Учиме денес за да бидеме подобри утре“ во Куманово.

    Реконструкција и дигитализација на три основни училишта во Куманово, најави Јаневска

    „За Музичкото училиште „Панче Пешев“ се предвидени над 1 милион денари за реконструкција и 1,75 милиони денари за мрежна опрема за дигитализација, за ОУ „11 Октомври“ се предвидени 1,2 милиони денари за реновирање и 2 милиони денари за мрежна дигитализација и во ОУ „Толи Зордумис“ за рехабилитација на фасадата и изградба на пристапна рампа се над 20 милиони денари. Во тек е изградбата на средното училиште „Сами Фрашери“ кое чини 318 милиони денари“, кажа Јаневска.

    Јаневска кажа дека новата локална власт предводена од нивниот коалициски градоначалник и советниците на ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе работат и ќе се фокусираат на проектите во образованието и во новиот мандат.

    Таа додаде дека Куманово ќе биде еден од приоритетните градови каде што ќе се работи на решавање на проблемите во големите училишта кои немаат просторни капацитети за едносменска настава, се во интерес на учениците и наставниците.