×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Роза и книга за посетителите на Кумановската библиотека по повод Светскиот ден на книгата

    23.04.2025 16:33 | Оливера Пешевска

    Посетителите на Библиотека „Тане Георгиевски“ денеска добија подарок книга и роза, по повод Светскиот ден на книгата и авторското право - 23 Април. 

    Роза и книга за посетителите на Кумановската библиотека по повод Светскиот ден на книгата

    Голем дел од посетителите беа пријатно изненадени од подароците, за збогатување на домашната библиотека. Овој датум е 30-годишен јубилеј откако е прогласен за Светски ден на книгата. 

    „На традиционален начин го одбележавме денешниот ден, имавме подготвени книга и роза за нашите членови и одржавме работилница со ученици од средното училиште „Наце Буѓони“ од Куманово. Овој начин на одбележување на 23 Април се практицира во голем број од библиотеките во државата и пошироко“, посочи Христина Тошиќ Стојчевска, в.д. директорка.

    Статистиката покажува дека најголем дел од посетителите се пензионери и средношколци, а најбарана литература е белетристиката. Трилерот и крими- романите се жанровите кои привлекуваат публика, а за време на летните одмори и празниците расне бројот на посетители на библиотеката. Средношколците читаат и се посветени на литертурата, но некако имаат одбивност кон лектирните изданија.

    На литературната работилница учествувале 15 ученика, во различна образовна година заедно со професорката по македонски јазик Лидија Цветкова.

    Тема на дискусијата било прашањето што ги поврзува Шекспир и Мигуел Де Сертвантес, како и видувањето и мислењата на учениците за одредени цитати од дела на познати автори.

    „На овие работилници секогаш се трудиме да се слушне нешто ново, едукативно за учениците. Разговаравме и за тоа колку децата читаа, колку книгата е застапена, дали се сложуваат со одредени ставови кои ги искажуваат светски познатите автори. Претежно учениците кои учествуваат на работилници и самите пишуваат, дали поезија или проза, и се јавуваат на натпреварите кои ги организираме. За почит се младите, иако владее некое друго мислење во јавноста“, истакна Елена Јаќимовиќ, соработник за литературна дејност во библиотеката.

    И учесниците на работилницата имаа можност да си изберат книга подарок. Овој начин на одбележување на денот се практицира во речиси сите библиотеки во државата и пошироко.