×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ ги повика членовите да се регистрираат за престојните внатрепартиски избори

    01.03.2025 10:44 | KumanovoNews

    Од општинската организација на СДСМ Куманово ги повикуваат своите членови да се регистрираат за да учествуваат на внатрешнопартиските избори, кои се закажани на 16 март.

    СДСМ ги повика членовите да се регистрираат за престојните внатрепартиски избори

    „СДСМ е единствената партија која во духот на социјалдемократските вредности својот лидер го бира на слободни, внатрепартиски избори со гласање на членството. Почитувани членови, ве повикувам активно да се вклучите во овој процес на подготовката и гласање, а истовремено повикувам силно,одлучно и недвосмислено да гласаме за нашиот сегашен и иден лидер Венко Филипче. Да гласаме за негов полноважен мандат во кој што сите ние заедно СДСМ ќе ја вратиме на победничките патеки“, кажа Соња Тодоровска, секретар  на СДСМ Куманово.

    Изборниот процес е организиран во две фази: првата е  регистрација на члeнството кое ќе трае до 8 март. Тоа може да се стори електронски на линк споделен на СДСМ или во просториите на општинската организација со пополнување на формулар, секој работен ден од 17 до 20 часот, сабота и недела од 11 до 13 часот.

    Втората фаза е на самиот чин на гласање, кој ќе се одвива во просториите на општинската организација.