×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се чистат речните корита во Средорек и Бавчи

    12.08.2025 16:04 | KumanovoNews

    Од вчера започна чистењето на коритата на реките Липковка, Којнарка и Кумановка во населбите Средорек и Бавчи. 

    Се чистат речните корита во Средорек и Бавчи

    Средства во висина од 2 милиони денари или 35.000 евра се обезбедени преку Програмата за заштита на животна средина од буџетот на Општина Куманово. Чистењето ќе продолжи кон Туш и Митев мост.

    „Работите ќе траат до крајот на месецот, бидејќи се работи за голема површина и голема количина на ѓубре.  Ќе гледаме да се исчити масимално со предвидените средства. Прво ќе се извади сметот од реката, а откако ќе се исуши ќе се изнесе. Секоја година се работат речните корита, но попусто, нема совест кај граѓаните да останат чисти“, вели Момчило Јовановски, раководител во Сектор за комунални работи.

    Тој апелира жителите на анселбите сметот да се фрлаат во контејнери, бидејќи секоја година се трошат големи средства за чистење на коритата, кои можат да се искориста за друга намена.

    Работата ја изведува фирмата „Евро градба“ од Василево.