×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржа маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ - учествуваа над 500 дечиња и ученици

    10.05.2025 15:58 | Оливера Пешевска

    На 500 учесници продефилираа под маски на годинешниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“, кој се одржа денеска на Градскиот плоштад во Куманово.

    Се одржа маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ - учествуваа над 500  дечиња и ученици

    „Оваа година имавме многу креативни и квалитетни маски. Задоволни сме од одѕивот на клоновите на Градинката „Ангел Шајче“, дел од основните и сите средни училишта. Учествуваа 16 групни маски со околу 500 учесници. Сметам дека имавме успешно издание “, оцени Марио Арангеловски, во име на Фондацијата за култура и спорт, организатор на маскенбалот „Батко Ѓорѓија“.

    Маскенбалот го отворија најмалите, но најбројни учесници- дечињата од 7 клонови на градинката. Тие се претставија со групни настапи насловени како „Ксилофон“, „Диносауруси“, „Пролет“, „Виножито“, „Пчелки“, „Овошна салата“, „Пеперутки“, и ги собраа симпатиите на присутните.

    Ученици од основните „Браќа Миладиновци“, нивните соученици од подрачното училиште во селото Пчиња, „Вера Которка“ од Клечовце, „Магдалена Антова“ од населбата Карпош, „Кочо Рацин“ достојно ги претставија своите училишта.

    Кај средношколците „Наце Буѓони“ настапи и самостојно, и во групната маска заедно со другарите од Гимназија „Гоце Делчев“ и „Перо Наков“, додека своја настапа имаа и учениците на регионалниот центар „Киро Бурназ“.

    „Маскенбалот беше од ревијален карактер, како и изминатите две години, но искрено би сакал да се врати натпреварувачкиот дел на манифестацијата, затоа што верувам дека наградите и самата таа титула дека една маска е најдобра дава на значение и секако ги мотивира останатите“, истакна Арангеловски.

    Фондацијата за култура и спорт е организатор на настанот, со поддршка на Општина Куманово. За ова намена од локалниот буџет се издвоени 50.000 денари.