Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од месецов се зголемува капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија, а тоа значи повисоки плати и помотивирани лекари.
Согласно оваа одлука, вредноста на капитациониот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари, што претставува зголемување од 33%, односно 23%.
„Ова зголемување доаѓа по повеќегодишна стагнација во периодот 2019-2022 година кога бодот изнесуваше 63 денари и 48 денари. Ако погледнеме наназад, од 2015 до сега, капитацијата за општа медицина порасна од 50 на 100 денари-удвојување на вредноста за една деценија. За гинекологијата исто така имаме раст од 50 на 100 денари, додека за стоматологија од 35 на 75 денари, што е зголемување за 114%“, кажа премиерот Христијан Мицкоски на заедничка прес-конференција со министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски.
Целта на Министерството за здравство е да мотивираат матичните лекари да работат повеќе на скрининг програмите за превентивата.