Седница на Советот на Општина Куманово со три точки на дневен ред
19.05.2025 10:19
| KumanovoNews
Советот денеска ќе одржи редовна седница со само три точки на дневниот ред, меѓу кои и измена на распоредот на буџетските средства на Општина Куманово.

Дневен ред:
1. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2025 година;
2. Предлог – Одлука за ставање вон сила на Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2025 година бр. 09 – 7441/12 од 05.05.2025 година;
3. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2025 година.