Серискиот убиец од Драгоманце не ги признава делата, Обвинителството ќе докажува дека мотивот е некрофилија(видео)
Во Основниот суд Куманово денеска започна судскиот процес против Трајче Бојковски (25) од селото Драгоманце, обвинет за 4 убиства и два обиди за убиства на жени во повеќе села општината Старо Нагоричане.
На почетокот на рочиштето обвинетиот само гледаше во таванот и испушташе неконтролирани звуци, држејќи се за глава, а не сакаше да даде ни лични податоци.
Судијата Мирсад Сурои заклучи дека обвинетиот не е во можност да одговара на прашањата на судот и воопшто не е комуникатовен, па даде пауза за да провери дали е во можност да го продолжи судењето. Трајче кажал дека се вознемирил поради присуството на камерите и јавност, па откако се смири главната расправа продолжи.
Во воведните зборови обвинителот Љубомир Лапе кажа дека мотивите за убиствата се некрофилија, бидејќи обвинетиот откако ги убивал старите и беспомошни жени ги силувал.
„Обвинителството се најде пред голем предизвик, да докажува случај како што немало во аналите на јаугословенската и македонската судска пракса. Мислам дека успешно одговоривме на предизвикот и во постапката ќе докажеме дека обвинетиот делата ги сторил од други ниски побуди убил 4 жени и се обидел да убие уште 2. Обвинителството ќе изведе докази од кои ќе се утврдат сите факти од записниците за увид, местото на кривичните дела, ексхумација со обдукција и начинот на сторените дела, како и со ДНК анализа дека Трајче е сторител на кривичните дела. Психијатриското вештачење ќе ги утврди мотивите за убиството, како и сведочењата на преживеаните жртви. Од сите докази ќе се утврди дека Трајче за да ги задоволи своите полови страсти, мртвите жени кои од порано ги познавал, сами и немоќни, стари и заспани, влегол и ги напаѓал, ги удирал и давел, па отако ќе ги усмртел ги силувал. Во конкретниот случај сметам дека правната квалификација е соодветна, а некрофилијата е доминантен мотив“, кажа Лапе.
Во продолжение на рочиштето Бојковски се изјасни за невин, иако адвокатот му сугерираша да го призане делото
„Не се счувствувам виновен и не ја признавам вината по наведените точки по обвнинението“, кажа Трајковски.
По ова бранителот му го откажа полномоштвото и судењето беше прекинато. На обвинетиот ќе му се назначи адвокат по службена должност, а наредното судење е закажано за 31 август.
На расправата беа изведени матерјалните докази на обвинителството, записник од увидите, фографии, наоди од ексхумација, обдукција, психијатриско вештачење, медицинска документација. На наредното ќе бидат повикани сведоците-жените кои го преживејаа нападот на Бојковски.
Адвокатоте на оштетените семејства се приклучија кон кривичниот прогон на Обвинителството, и побараа судот да ги упати во граѓанска постапка, поради оштетни побараувања.
Бидејќи Бојковски со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.