Мени

Слаткаристика и 2 Бона на годинешниов „Тумбсток“ на Градскиот плоштад во Куманово

17.08.2023 13:24 | Оливера Пешевска

Повеќе македонски и кумановски групи и пејачи ќе настапат на второто издание на фестивалот „Тумбсток 2023“, кој ќе се одржи следната сабота на Градскиот плоштад во Куманово.

Слаткаристика и 2 Бона на годинешниов „Тумбсток“ на Градскиот плоштад во Куманово

Фестивал е посветен на хип-хоп музиката и е наменет за помладите кумановци.

 На Фестивалот ќе настапат Дабл џи мафиа, Иван Ајнштајн, Вајб, Давид блек, 1300 Рекордс, Лука Чомбе, Ајман, Леопард и добро познатите Слаткаристика и 2 Бона.

Почетокот на концертот е во 20.30 часот. 

Фестивалот е во организација на Фондацијата за култура и спорт и Општина Куманово.

За негово одржување одобрени се 420 илјади денари средства до буџетот на Општина Куманово.