Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за локална самоуправа Златко Перински за наредната недела го најави вториот јавен повик за финансиска поддршка на општините за инфраструктурни проекти.
„И овој пат, ги охрабрувам сите градоначалници, без оглед на партиската припадност, да аплицираат за финансирање на проекти кои ќе придонесат за подобро утре на граѓаните“, кажа Перински.
Со вториот повик за финансиска поддршка на општините ќе поддржиме капитални инфраструктурни проекти во износ до 15 милијарди денари и со тоа значително ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани.
Од првиот повик со кој финансиска поддршка добија 288 проекти во 78 општини, со вкупна вредност од нешто повеќе 4,5 милијарди денари.
Општина Куманово ќе добие 4 милиони евра за изградба на инфраструктура во индустриската зона Речица, гасоводна мрежа во Доброшане и атмосферска канализација на улицата „Бајрам Шабани“.