Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработената во Одделението за управни работи Куманово, осомничена е дека одобрувала регистрација на возила без да ги исполнат техничките услови, при што го оштетила буџетот за 417.500 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против службеничка за кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.
„Пријавената, како овластено службено лице- референт во Одделението за управни работи Куманово во период од 11. ноември 2024 до 19. декември 2024, од магацинот на СВР Куманово задолжувала платливи обрасци и регистарски таблици наменети за работа на шалтер на МВР - во Станица за технички преглед на подрачјето на СВР Куманово. Таа примала барања и документи од странки за регистрација на возила, издавала регистарски таблици и платливи обрасци без да им изврши наплата, односно без да и бидат приложени уплатници за извршена уплата или непосредно да изврши наплата преку службениот Пос Терминал со банкарската картичка. Со тоа пријавената, иако била свесна и знаела дека не се исполнети законски пропишаните предуслови, несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности, без претходно да ја запази процедурата за регистрација на возила, со што нанела материјална штета на буџетот на МВР во износ од 417.500 денари. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.П. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка“, соопшти МВР.
--------