Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во среда на 26 февруари, Сојуз на борци Куманово ќе го одбележи формирањето на Трета македонска ударна бригада, во селото Жегљане.
Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на прославата можат да се пријават за организирано заминување.
„Од утре во нашите простории во Комитет, ќе правиме списоци- сите заинтересирани кои сакаат да одат во Жегљане можат слободно да дојдат да се запишат и да си подигнат билети. Имаме организиран превоз, се што е потребно. Имавме непријатна искуство пред неколку години дојдоа луѓе кои не беа запишани, по што моравме да реагираме и да ги вратиме“, истакна Зора Ивановска.
Превозот е организиран со два автобуси, а бројот на местата е ограничен. Поаѓањето е закажано за среда, 26 февруари во 10 часот наутро. За сите поединости посебно ќе бидат информирани граѓаните кои ќе се пријават да учествуваат на одбележувањето.
Традиционалното одбележување е да се одаде посебно признание и почит на загинатите борци, на денот на формирањето на Трета МУБ- 26 февруари 1944 години, во која имало и кумановски батаљони. Бригадата дала значаен придонес во борбата против фашистичкиот окупатор при ослобидувањето и формирањето на македонската држава.