×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советниците на власта гласаа против предлогот да се расправа за потрошените пари за семафорот, малиот плоштад и соколанскиот парк

    30.09.2024 19:20 | Сузана Николиќ

    Советниците на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со гласовите на ГРОМ, Алијанса на Албанците, Беса и Алтернатива, денеска не ги прифатија предлозите на советниците од опозицијата Благојче Јаќимовиќ и Миле Андоновски од коалицијата на СДСМ, да се расправа за потрошените над 2,2 милиони евра, средства за семафорот во спортската сала, за реконструкцијата на малиот плоштад и за соколанскиот парк во Куманово.

    Советниците на власта гласаа против предлогот да се расправа за потрошените пари за семафорот, малиот плоштад и соколанскиот парк

    Со 17 гласа против, власта ги надгласа советниците на опозицијата на СДСМ, ДУИ и Левица, кои имаа 13 гласа, додека советничката Љуљета Миљими која излезе од СДСМ беше воздржана, па на дневен ред не се најдоа точките кои требаше да дадат одговор на прашањатата кои се во фокусот на јавноста, дали власта се расфла и непродуктивно ги троши парите на граѓаните додека во градот нема елементарна инфраструктура, или се работи за шпекулации кои свесно се пласираат за да се наруши угледот на локалната власт, како што тврди градоначалникот Максим Димитриевски, кој и денеска не присуствуваше на седницата на Советот.

    Советникот Jаќимовиќ од НСДП, тврди дека за набавка и инсталирањето на мултифункционалниот систем и семафорот во спортската сала се потрошни рекордни 600.000 евра, и смета дека тоа е срамно и за Општината и за советниците што дозволиле да се потрошат толкави пари.

    „Барам на дневен ред да се најде информација за јавната набавка за градежно занаетчиски работи и матерјали за реконструкција на спортската сала. И предходно, а и сега тврдам дека со оваа инвестиција е нанесена голема штета во однос на потрошените средства. Се тврдеше дека мултифункционалниот семафор ќе чини 10 милиони денари, а не 70 милиони како што јас тогаш велев. Ако го погледнеме договорот што е објавен на општинскиот сајт за јавни набавки може да видиме дека за реконструкција на спортската сала се потрошени скоро 59 милиони денари, со ДДВ цели 70 милиони денари кои беа предвидени со развојната програма. Ако детално ја погледнеме пресметката ќе видиме дека за три ставки; инсталатерски работи за озвучување се потрошени 5.7 милиони денари, електронска опрема и инсталација 12,1 милиони денари, мултифункционален семафор 10,5 милиони денари. Станува збор за близу 36 милиони денари со ДДВ или 600.000 евра за еден обичен семафор. А во предходната набавка имаше набавенo семaфор, кој чинеше 950 илјади денари. Го повикувам мнозинството во Советот да ја стави точката на дневен ред и да видиме дали имамо потреба во Куманово да се потрошат 600 илјади евра за семафор“, побара Јаќимовиќ.

    Тој обвини дека станува збор за серизен криминал, па ги повика надлежните органи и јавното обвинителството да постапува по допрен глас. Побара да се испита и капацитетот на фирмата која ја вршела работата од повеќе области.

    Миле Андоновски од Партијата на пензионерите веќе неколкупати бараше Општината и градоначалникот да поднесат извештај како се извршуваат одлуките на Советот на Општина Куманово кои се реализирани од почетокот на годината, а се однесува на реконструкција на малиот плоштад и соколанскиот парк.

    „Бројни се забелешките на граѓаните за неквалитет на градежните работи на овие два проекта. Ако како Совет не реагираме невремено, можно е да поминат роковите кои им се дадени на изведувачите. Барам Советот да формира комисија која ќе го испита трошењето на парите за овие два проекти, бидејќи се работи за сума над 1,1 милион евра, само за малиот плошат се потрошени 850.000 евра. Се надевам дека Советот ќе се издигне, да не биде сервилен орган на политиките на еден поединец и ќе си ги преземе своите надлежности заради одговорноста која што ја имаме пред граѓаните“, кажа Андоновски.