Мени

Советот утре ќе одлучува за поскапување на услугите на „Чистота“ и за кредит од 100 милиони денари

30.06.2026 12:29 | Сузана Николиќ

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница на која пред советниците ќе се најдат 31 точка на дневниот ред. 

Советот утре ќе одлучува за поскапување на услугите на „Чистота“ и за кредит од 100 милиони денари

Најзначајни се предлозите за зголемување на цените на услугите на ЈП „Чистота и зеленило“ и за задолжување на Општина Куманово со кредит во износ од 100 милиони денари (1,62 милиони евра).

Со предложената одлука се предвидува Општина Куманово да се задолжи кај комерцијална банка, а средствата да бидат наменети за набавка на нови камиони за потребите на ЈП „Чистота и зеленило“, како и за поставување фотоволтаични системи во ЈП „Водовод“.

Советниците ќе одлучуваат и за предлог-одлуката за измена на ценовникот на услугите што ги врши јавното претпријатие. Доколку предлогот биде усвоен, ќе следува зголемување на цените за 30 отсто за собирање и транспорт на комунален отпад.

На дневниот ред се и повеќе точки поврзани со образованието. Најголем дел се однесуваат на давање согласност на годишните планови за вработување во основните училишта за 2027 година.

Дневен ред :

1. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово;
2. Предлог – Решение за давање согласност на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово да може да има поголем број на деца во воспитните групи;
3. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Крсте Мисирков” – Куманово;
4. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Браќа Миладиновци” – Куманово;
5. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Вук Караџиќ” – Куманово;
6. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово;
7. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Наим Фрашери“ – Куманово;
8. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Толи Зордумис” – Куманово;
9. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Кочо Рацин” – Куманово;
10. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Христијан  Карпош” – Куманово;
11. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Магдалена Антова” – Куманово;
12. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Јероним Де Рада“ с. Черкези – Куманово;
13. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Кирил и Методиј” с. Романовце – Куманово;
14. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Битолски Конгрес” с. Лопате – Куманово;
15. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Карпош” с. Умин Дол – Куманово;
16. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Браќа Рибар” с. Табановце – Куманово;
17. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Вера Которка“ с. Клечовце – Куманово;
18. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „11 Октомври” – Куманово;
19. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „11 Октомври“ – Куманово;
20. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на УОМО „Панче Пешев” – Куманово;
21. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на цени на услугите за собирање и транспортирање на комунален отпад во Општина Куманово;
22. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај-Елаборат за проценета висина на штети причинети од природни непогоди и други несреќи на територија на Општина Куманово во 2025 година;
23. Предлог – Одлука за распределба на финансиски средства за вршење работи од социјална заштита на здруженија;
24. Предлог – Одлука за распределба на финансиски средства за спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравствената заштита;
25. Предлог – Одлука за распределба на финансиски средства за организиарање на превентивни мерки и активности во областа на социјалната и детската заштита;
26. Предлог – Одлука за прифаќање на донација;
27. Предлог – Одлука за давање согласност деловна просторија сопственост на Општина Куманово да се даде под закуп по пат на електронско јавно наддавање;
28. Предлог – Одлука за давање согласност деловна просторија сопственост на Општина Куманово да се даде под закуп по пат на електронско јавно наддавање;
29. Предлог - Одлука за давање согласност за задолжување на Општина Куманово пред комерцијални банки
30. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2026 година;
31. Предлог - Решение за разрешување и именување на член на Одборот за контрола на материјално-финансиско работење на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово.