Мени

Специјална награда за невестинска фризура за студио „Нате“ во Ниш

04.03.2026 12:05 | KumanovoNews

Наташа Додевска, сопственичка на фризерското студио „Нате“ од Куманово, освои специјална награда за невестинска фризура на натпревар на фризери, кој викендов се одржа во Ниш, Србија.

Специјална награда за невестинска фризура за студио „Нате“ во Ниш

Во силна конкуренција на фризери од земјава и регионот, Додевска доби посебно признание од стручното жири за изработка на свечена невестинска фризура.

„Наградата е потврда за креативноста, сигурноста и беспрекорната техника што се неопходни при изработка на ваков вид фризури. Јас бев единствената што работеше на модел пред публиката и стручното жири, за разлика од останатите кои работеа на кукли. Тоа беше препознаено и наградено од комисијата. Благодарна сум, бидејќи ова не е само фризура, туку и мој печат на еден посебен момент во животот на секоја жена. Благодарност и до моделот што ја изнесе креацијата со стил и грациозност“, вели Додевска.

Таа додава дека натпреварите се места каде што се разменуваат идеи со колегите, но пред сè се можност за дружење и воспоставување контакти за идна соработка.

Минатата година Додевска освои прво место за невестинска фризура на меѓународен натпревар на фризери во Сицилија.

Студиото и академијата „Нате“ постојат повеќе од 20 години, а потврда за нивниот квалитет се бројните награди и признанија освоени во земјава и во странство, меѓу кои и во Бугарија, Босна и Херцеговина и Италија.

(ПР текст)