Тео има само шест години и голема битка пред себе – да му помогнеме
Шестгодишниот Теодор Крстевски од Куманово има аутизам и итно му е потребна операција со матични клетки во Бугарија за да се подобри неговата здравствена состојба.
Интервенцијата е закажана за 18 декември во Пловдив и чини околу 14.000 евра. Во моментот, Теодор е целосно зависен од своите родители и не може самостојно да функционира.
„Теодор од неговата трета година имаше одредени нарушувања во развојот, но минатиот месец ја добивме дијагнозата дека се работи за аутизам. Стапивме во контакт со лекари од клиника во Пловдив, кои по извршените прегледи дозволија да се закаже операција со матични клетки, што ја изведуваат лекари од Киев. Тие гарантираат дека состојбата на Теодор ќе се подобри во рок од три до девет месеци. Тоа е нашата единствена надеж и ќе направиме сè што е во наша моќ за нашето дете да има детство како неговите врсници“, вели мајката Маријана Крстевска.
Овој вид на операција не се покрива од Фондот за здравствено осигурување, па целокупните трошоци паѓаат на товар на семејството.
Семејството Крстевски не може само да ја обезбеди потребната сума, па затоа е неопходна помош од хуманите граѓани и општествено одговорните компании.
Донациите може да се уплатат на:
Комерцијална банка
Сметка: 300097123508390
IBAN: MK07300307070052019
SWIFT: KOBSMK2X
Примач: Маријана Крстевска
T-Mobile донациска линија: 143 177

