Трето прскање против комарци во Куманово
Во Куманово, утре (21. јули - вторник) ќе се спроведе третата терестичка дезинсекција против возрасната форма на комарците.
Третманот ќе започне во 00:00 часот и ќе трае до раните утрински часови.
„Со прскањето ќе бидат опфатени повеќе локации низ градот, меѓу кои коритото на реката Кумановка од Кумановска Бања, преку селото Проевце, локалитетот Бејтови Ниви, кејот на реката Кумановка, површините покрај булеварот „Октомвриска револуција“, Градскиот парк, улицата „Никола Тесла“, просторот околу ООУ „Толи Зордумис“, Диво Насеље, селото Романовце, Градските гробишта, Зелен Рид, булеварот „Трета МУБ“, улицата „11 Октомври“, со посебен акцент на просторот околу Општата болница – Куманово, централното градско подрачје, текот на реката Серава, населбата Перо Чичо и други локации“, стои во соопштението.
Од Општина Куманово апелираат граѓаните да избегнуваат непотребно задржување во зоните каде што ќе се изведува третманот, а пчеларите навремено да преземат мерки за заштита на пчелните семејства.
Доколку временските услови бидат неповолни, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден кога ќе има услови за нејзино спроведување.