Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од ОУ „Карпош“ во Умин Дол спроведоа еко- акција за засадување на дрвца, со цел да создадат овошна градина.
Засадени се 150 овошни садници, 85 од нив во дворот на училиштето во Умин Дол, а 65 во подрачното училиште во Љубодраг.
Дел од садниците се набавени со сопствени средства собрани од вработените и учениците, а дел се донација на невладината организација „Рурал Ума Сто“.
„Во соработка со училишниот одбор и советот на родители се договоривме сите заедно, па излезе дека секој поединечно засади по едно дрвце“, објасни директорот Мирослав Димевски.
Засадени се круши, сливи, јаболки, цреши, мушмули, дуњи- разновидно овошје, а видовите покриваат различни годишни времиња.
Во подготовка на теренот и другите активности се вклучило и месното население, кое најпрвин со механизација го култиувирале местото, подоцна делеле совети за засадување и закројување на дрвјата. Ветиле дека и понатаму ќе ги поддржуваат, особено во летниот период со акции за наводнување за да се обезбедат услови за опстанок и раст на овошките.
„Ветија дека и понатаму ќе помагаат, за да не биде попусто вложениот труд, а се надеваме дека за некоја година и ќе вроди со плод, нагласува Димевски.
Во рамките на акцијата создадено е и цветно катче во дворовите на училишните згради.