×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Унико“ – готви за вас, вкусен домашен ручек без мака

    12.08.2025 14:50 | KumanovoNews

    Познатиот ресторан „Унико“ воведе нова услуга за своите клиенти и сограѓани -  подготовка на храна по традиционалните рецепти за домашен ручек.

    „Унико“ – готви за вас, вкусен домашен ручек без мака

    Секој ден ќе има различна понуда на домашно јадење, а во среда и петок голем асортиман на посна трпеза.

    Секогаш топло и свежо, на менито се свинско печено, орис со пилешко, макарони потпечени со сирење,  мусака, чорби со грашок и пилешка, кебап со компир, кифлички, клчано, урнебес салата, цезар и шопска салата, витаминска салата и многу други специјалитети. 

    Сите вработени жени и мажи, кои немаат време, енергија или желба да готват, а сакаат вкусна храна како што ја подготвувале нивните мајки и баби, решението е во домашната кујна на „Унико“.

    „Во време кога цените растат, а сè помалку е исплатливо да се готви дома, ние ви нудиме квалитетен и топол семеен ручек по промотивни цени. Нашата цел е едноставна – да ви заштедиме време, пари и труд, а сепак да уживате во храната која ја сакате. Храната може да ви се послужи во ресторанот или да понесете за дома. За сите што неможат да дојдат лично, нудиме и достава, 100 ден до 3км и 150 ден над 3км“, велат од Унико.

    Домашно подготвените јадења се продаваат  по промотивна цена, односно 2 грама за само 1 денар. Специјална промоција – свинско печење е за 1 грам за 2 денара – понуда што не се пропушта!

    Времето на послужување и нарачка е од  08:00 до 16:00 часот од понеделник до петок. Секојдневната понуда може да ја следите на нивниот Инстаграм профил.

    Без оглед дали сакате да се почестите со ручек на работа, да имате готово јадење кога ќе се вратите дома, или едноставно да избегнете готвење, Унико е вистинското место за вас.

    „Дојдете, пробајте и уверете се дека вкусниот домашен ручек не мора да биде скап – ниту комплициран“, порачуваат од Унико.

    Унико готви за вас, со многу љубов и вкус – токму како дома!

    Ресторан "Унико“ се наоѓа на ул. "Доне Божинов", во зградата на ФЗЦ.

    Контакт телефон за информации и нарачки е: 075/833 - 033.

    (ПР текст)