Мени

Уште една измама со огревно дрво

17.11.2023 17:15 | KumanovoNews

Во Кумановската полиција, вчера 66- годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 13.000 денари. 

Уште една измама со огревно дрво

Според пријавеното, лицето му понудило огревно дрво и откако се договориле му ги платил дрвата, по што лицето му кажало дека ќе оди да ги донесе, но не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.