Утре ќе се конститутирa Советот на Општина Куманово
Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи првата седница во новиот состав.
На седницата ќе бидат верификувани мандати на новите членови на Советот, по што ќе дадат свечена изјава за нивната работа.
Од мнозинството ќе се избере новиот претседател на Советот.
Градоначалникот Максим Димитриевски кажа дека мнозинството во Советот на Општина Куманово ќе го сочинуваат советници од партиите кои се на власт на централно ниво.
„Повеќе од јасно е дека мнозинството кое е на централно ниво исто така ќе биде претставено и на локално ниво, а за деталите секако ќе бидете дополнително известени“, изјави Димитриевски.
Новиот состав ќе брои 31 советник, од кои седум се на Движењето ЗНАМ, шест на ВМРО-ДПМНЕ, пет на коалицијата на Демократска унија за интеграција, четири коалицијата на СДСМ, три на Демократската партија на Србите во Македонија, двајца на „Ред за Куманово“ и еден на Левица.
Од ЗНАМ: Ивана Ѓорѓиевска, Моника Марковска, Дарко Митевски, Мила Петрушевска, Самет Салиевска, Аце Трајковска и Зоран Јовановски од ЗНАМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ: Владимир Михајловски, Христина Божиновска, Ивана Лазаревска, Сања Јакимовиќ - Петровска, Иван Димитриевски и Тони Димитриевски.
Kоалиција ДУИ: Блерим Исени, Хузеир Мустафи, Шпреса Реџепи, Исуф Сефери, Шемси Мурати.
Kоалиција СДСМ: Томица Илиќ, Благојче Јаќимовиќ, Тамара Анастасовска и Марина Манојловска.
ДПСМ: Бобан Јаќимовиќ, Рената Пандуревиќ и Срѓан Ѓорѓевиќ.
ВЛЕН: Скендер Османи, Љуљазим Алитие и Акиме Реџепи.
Ред за Куманово – Иван Петковски и Југослав Спасиќ.
Oд Левица Виторио Зафировски.
Седницата ќе се одржи во кружната сала во „Комитет“ со почеток во 13 часот.

