Седница на Советот на Општина Куманово со 31 точкa на дневен ред
Советот на Општина Куманово утре /четврток/ ќе одржи редовна седница.
На дневен ред се 31 точка, при што советниците ќе расправаат за прашања поврзани со работата на јавните претпријатија, урбанистичкото планирање, како и за именување членови на управните и надзорни одбори во јавните установи.
Дневен ред :
1. Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2025 година;
2. Предлог - Програма за работа на Советот на Општина Куманово за 2026 година;
3. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност на бод за пресметување на платите на вработените во ЈП „Водовод“ Куманово за 2026 година;
4. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност на бод за пресметување на платите на вработените во ЈП „Куманово – гас“ Куманово за 2026 година;
5. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност на бод за пресметување на платите на вработените во ЈП „Куманово – план“ Куманово за 2026 година;
6. Предлог – Решение за давање согласност на Ценовникот за измена и дополнување на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“-Куманово;
7. Предлог – Решение за давање согласност на Пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“-Куманово;
8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“-Куманово за определување на деловни објекти кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
9. Предлог - Решение за давање согласност на Одлуката за продажба на движна ствар патничко возило во сопственост на ЈП „Пазаришта“-Куманово;
10. Програма на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово за 2026 година;
11. Стратегија за унапредување на родова еднаквост Општина Куманово 2026 – 2030 година;
12. Локална стратегија за млади на Општина Куманово за периодот 2026 – 2030 година;
13. Стратегија за социјална заштита за периодот 2026 – 2030 година;
14. Предлог – Одлука за комунален ред во Општина Куманово;
15. Предлог – Одлука за неутврдување на потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето планирани со важечки ГУП – ЗП Зелена површина во А5-1 Гаража за дел од УЕ 3та МУБ дел од УБ 50 за КП 24203/28 и КП 24203/23, КО Куманово – Општина Куманово;
16. Предлог – Одлука за неутврдување на потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето планирани со важечки ГУП – ЗП Зелена површина во А1-1 Семејна куќа за дел од УЕ 2 дел од УБ 86 за КП 9996/1. КО Куманово – Општина Куманово;
17. Предлог – Одлука за неутврдување на потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето планирани со важечки ГУП – ЗП Зелена површина во А4-Викенд куќа и ПО-Помошен објект дел од УЕ 3та МУБ дел од УБ 53 за КП 3679 и КП 3678, КО Куманово – Општина Куманово;
18. Предлог – Одлука за неутврдување на потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето планирани со важечки ГУП – ЗП Зелена површина (заштитен појас за регионален пат Куманово – Свети Николе) во ПО-Помошен објект дел од УЕ Гоце Делчев дел од УБ 27 за КП 24703/2, КО Куманово – Општина Куманово;
19. Предлог – Одлука за неутврдување на потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето планирани со важечки ГУП – ЗП Зелена површина во А1 Семејна куќа дел од УЕ 3та МУБ дел од УБ 53 за КП 3692/3, КО Куманово – Општина Куманово;
20. Предлог – Одлука за неутврдување на потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето планирани со важечки ГУП – ЗП Зелена површина - заштитен појас Зна сообраќајница, магистрален пат А2- делница Куманово-Страцин – Деве Баир во А1-Станбен објект за дел од УЕ Долно Којнаре дел од УБ 5 за КП 7351, КО Куманово – Општина Куманово;
21. Предлог – Одлука за неутврдување на потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето планирани со важечки ГУП – ЗП Зелена површина во А1-Станбен објект за дел од УЕ 1 дел од УБ 35 за КП 13910, КО Куманово – Општина Куманово;
22. Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелизација за градежна парцела бр.8.8 на КП бр. 25958/9 за поместување на граница кон соседна градежна парцела бр. 8.7 на КП бр25958/8 и кон КП 25958/1, со намена А1 – домување во куќи КО Куманово – од ДУП за дел од УЕ Гоце Делчев дел од УБ 27 - Општина Куманово;
23. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за преземање на 1(еден) административен службеник;
24. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче” – Куманово;
25. Предлог – Решение за именување на членови на Органот за надзор во ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче” – Куманово;
26. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово;
27. Предлог – Решение за именување на членови на Одборот за контрола на материјално-финансиско работење на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово;
28. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто” – Куманово;
29. Предлог – Решение за именување на членови на Органот за надзор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто” – Куманово;
30. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Управниот одбор на Јавната установа - Општински ученички дом „Професор Мијалковиќ” – Куманово;
31. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово – член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом „Куманово‘‘ – Куманово.