×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Велигденска работилница организираше здружението „Живот“

    04.05.2024 14:00 | Теодора Стоевска

    Клубот на млади на здружението „Живот“, вчера, во кумановската гимназија организираше работилница за декорирање на велигденски јајца под мотото „Велигден ист, на различен начин“. 

    Велигденска работилница организираше здружението „Живот“

     На работилницата присуствуваа нешто повеќе од 20 ученици од основните и средни училишта во Куманово кои со темперни бои, фломастери, разни стикери ги декорираа велигденските јајца со кои ќе се натпреваруваат за најубаво декорирано јајце на настан кој ќе се одржи на 9 мај во Занаетчискиот дом во Куманово. 

     „Ова денеска ни е како подготовка за главната работилница која ќе се одржи на 9 мај кога ќе го избереме најубавото декорирано јајце и ќе доделиме медали, ќе има и натпревар во кршење јајца каде најиздрлживото ќе добие пехар, како и литературно читање. Сите кои ќе сакаат да се натпреваруваат, препорачливо е да дојдат барем еден час порано“, истакна Благица Гавриловска Цветковиќ од здружението. 

     

    На денешната работилница учениците ја истакнаа својата креативност преку цртање најразлични декорации. 

     „Јас сум ученичка на козметичкиот смер во училиштето „Киро Бурназ“ и затоа денеска на моето јајце цртам лице на девојка кое ќе го нашминкам со помош на фломастери“, посочи ученичката Ева Јовановиќ. 

    Организаторите велат дека главен мотив на овие работилници е да покажат како ист празник се прославува на различен начин кај народите кои го слават.

    „Сакавме и оваа година да ја продолжиме традицијата на организирање вакви работилници иако оваа година се воведе пролетниот распуст, но се изненадивме дека сепак има заинтерсираност за ваквите активности“,  додаде Цветковиќ.