Мени

Велигденска работилница за најмалите во игротека „Унико“

09.04.2026 18:25 | KumanovoNews

Игротеката „Унико“ организира Велигденска работилница за дечињата во Куманово.

Велигденска работилница за најмалите во игротека „Унико“

Настанот ќе се одржи утре/ петок со почеток во 12:00 часот, а учеството е бесплатно за сите заинтересирани деца.

„Овој Велигден игротеката „Унико“ ќе се претвори во вистинска креативна зона за најмладите, голема работилница исполнета со забава, игра и дружење. Децата ќе имаат можност да учествуваат во повеќе активности, меѓу кои боење и украсување велигденски јајца, креативни работилници со воспитувачки, како и различни игри и изненадувања“, велат од „Унико“.

Како што информираат организаторите, целта на настанот е на најмладите да им се овозможи креативно изразување, дружење и поминување квалитетно време во безбедна и весела атмосфера.

Од игротеката посочуваат дека ваквите активности се одлична можност децата да ја развијат својата креативност и да создадат незаборавни спомени за време на велигденските празници.

(ПР текст)