Мени

Ветерот достигнал ураганска брзина од над 130 километри на час во вчерашното невреме

22.07.2026 16:08 | KumanovoNews

Ветерот што вчера го зафати поголем дел од земјата достигнал ураганска јачина во Скопје, Штип и Струмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ветерот достигнал ураганска брзина од над 130 километри на час во вчерашното невреме

„Оркан, односно ураган, според класификацијата за јачина на ветерот, претставува ветер чија брзина надминува 118 километри на час. Тоа е екстремно силен ветер кој на ова подрачје се јавува многу ретко и предизвикува големи разурнувања и значителни штети“, соопшти УХМР.

Според податоците од автоматските метеоролошки станици, во Штип во 17:00 часот е регистриран максимален удар на ветер од 134 km/h од правец запад-северозапад.

Во Скопската Котлина, во 16:10 часот, е измерен максимален удар на ветер од 130 km/h од правец север-северозапад, а иста брзина е регистрирана и во Ново Село, Струмичко, во 17:50 часот, од правец северозапад.

За Куманово, каде вчерашното невреме предизвика голема материјална штета, УХМР не објави податоци за максималната брзина на ветерот.