Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Практични вежби за евакуација на ученици во случај на елементарна непогода беше спроведена во основното училиште „Браќа Миладиновци“.
Вежбата е во рамки на кампањата „Безбедни училишта“, а ја спроведуваа полициски службеници од Отсекот за превенција.
„Полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Куманово во рамки на кампања "Безбедни училишта" во Основно општинско училиште "Браќа Миладиновци" спроведоа симулативна вежба за евакуација во случај на елементарна непогода. Овие активности се спроведуваат со цел на учениците да им се укаже како безбедно да ги напуштаат просториите во случај на некоја елементарна непогода. Овие превентивни активности ќе продолжат и во наредниот период во сите основни и средни училишта“, известуваат од полицијата.