×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово денеска се одбележа 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

    24.10.2024 15:08 | Оливера Пешевска

    Во Занаетчискиот дом во Куманово денеска се одржа свеченост по повод 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба. Беше организирана пригодна програма- изложба на фотографии и проекција на документарен филм за ликот и делото на Гоце Делчев.

    Во Куманово денеска се одбележа 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

    „За остварување на македонскиот народ за ослободување од турското ропство беше потребно создавање на една цврста револуционерна организација која ќе биде целосно прифатена од широките народни маси. Темелите на таквата организирана сила, која требаше да ја обедини и раководи борбата на македонскиот народ за слобода и неговата самобитност беа поставени на 23 октомври 1893, на основачки состанок во Солун“, истакна Ивона Краљевска, ученичка на СОУ „Перо Наков“ во поздравниот говор.

    Во рамките на изложбата посетителите имаа можност да разгледаат дваесетина фотографии од основачите на Македонската револуционерна организација-  заклетвата, револверот, камата и Уставот, Печатот на Кумановската револуционерна организација, Устав на ТМОРО, текст од Илинденското востание, фотографии на шестмината основачи на револуционерната организација, фотографии од Даме Груев, Ѓорче Петров, Гоце Делчев и други. Изложбата е од богатото историско депо при Национална установа „Музеј“ Куманово.

    За основоположници на македонската револуционерна организација се сметаат Христо Татарчев (роден во Ресен, лекар), Даме Груев (роден во Смилево-Битолско учител и училишен инспектор), Петар Поп Арсов (роден во Богомила — Велешко, учител во Гимназија „Кирил и Методи“ во Солун), Антон Димитров . (роден во Ајватово — Солунско, учител по турски јазик во Гимназијата „Кирил и Методиј" во Солун), Христо Батанџиев (роден во Гуменџе-Воденско, учител) и Иван Хаџи Николов (роден во Кукуш, книжар во Солун, професор во Солунска Гимназија „Кирил и Методиј").

    Во Куманово, кое спаѓало во Скопскиот револуционерен округ, Месната револуционерна организација се формирала следната 1894, а иницијатори главно се кумановски интелектуалци, соученици на Гоце Делчев во Гимназијата во Солун, од кои поголем дел како учители работеле во градот и селата во кумановскиот регион.

    Организатор на настанот беше Фондацијата за култура и спорт, а присуствуваа челници на локалната самоуправа, советници на Совет на Општина Куманово, раководители на локални установи и институции, претставници на политички партии и ученици од основни и средни општински училишта од Куманово.

    За одбележувањето на 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба од локалниот буџет се издвоени 50 илјади денари.