Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово ноќеска наврна 3 литри на метар квадратен дожд, додека во Крива Паланка 13 л/м2.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнаа во Крушево 26 л/м2, потоа 13 Крива Паланка, 10 Штип, 8 Скопје-Петровец, 7 Демир Капија, 6 Берово, 5 Струмица, 4 Кавадарци, Гевгелија, Попова Шапка, 3 Тетово, Охрид,
Куманово, Лазарополе, 2 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Маврово, 1 Прилеп, Велес.
“Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената“, велат од УХМР .
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Дневната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 25 степени.