Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на ноќта во Куманово наврна 12 литри дожд на метар квадратен.
Најмногу дожд падна на Попова Шапка 27л/м2, Крушево и Пожаране 26л/м2,, 22 Маврови Анови, 20 Тетово, 18 Скопје-
Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Пожар-Радовиш, 13 Лазарополе, Претор, Гевгелија, 12 Берово, Велес, Куманово, 11 Крива Паланка, Прилеп, 10 Битола, Виница, Струмица, 9 Охрид, Штип, 7 Кавадарци, 6 Демир Капија.
„Времето денска ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 l/m 2 . Кон крајот на денот на повисоките планини на северозапад ќе има услови врнежите од дожд да преминат во повремен слаб снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h)“, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени.
Во Скопје, oблачно и свежо со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.