Во Куманово викендов казнети 216 возачи, 152 за брзо возење
Полициски службеници од Куманово во текот на изминатиот викенд спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

„Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 216 возачи, од кои 152 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 43 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 16 за управување возило без возачка дозвола и 5 за нерегистрирано возило“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, стои во соопштението.