Мени

Во понеделник, вторник и среда делови од Куманово и Нагоричане без струја

21.03.2026 08:30 | KumanovoNews

Три дена од наредната недела ќе има прекин во снабдувањето со електричната енергија на неколку локации во Куманово и во Старо Нагоричане.

Во понеделник, вторник и среда делови од Куманово и Нагоричане без струја

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК), во понеделник (23 март), од 06:00 до 14:30 часот, струја ќе нема на улиците: „25 Февруари“, „Ленинова“, „Париска комуна“, „Партизанска“, „Иво Лола Рибар“ (Скопски дуќани), „Прохор Пчински“, „Димитар Влахов“, „Наум Охридски“, „Панче Пешев“ и „Пионерска“.

Истиот ден, само од 08:00 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе останат и потрошувачите на делови од улиците: „Србо Томовиќ“ и „Боро Прцан“, кај училиштето „Толи Зордумис“, како и „Осоговска“, „Крушевска Република“ и дел од „Сава Ковачевиќ“.

Во селото Старо Нагоричане во понеделник струја ќе нема од 08:30 до 14:00 часот.

Во вторник (24 март), од 08:30 до 12:30 часот, електрична енергија ќе нема во населбата Бедиње, во објектите во кругот на поранешната касарна „Карпош“, како и на улицата „11 Ноември“.

Во среда (25 март), од 08:00 до 14:30 часот, без струја ќе остане дел од улиците: „Сава Ковачевиќ“, „Милан Лисица“, „Крушевска Република“, „Осоговска“, „Боро Прцан“ и „Србо Томовиќ“, кај ОУ „Толи Зордумис“.