×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Водовод ja заврши 2024 година со загуба од 363.000 евра

    15.04.2025 13:01 | Оливера Пешевска

    ЈП „Водовод“ Куманово покажува загуба од 22,327 милиони денари  или 363.000 евра за минатата 2024 година.

    Водовод ja заврши 2024 година со загуба од 363.000 евра

    Од тоа 18 милиони се кон добавувачи, а останатите се поради зголемени тошоци во секојдневното работење.

    Директорот Оливер Стојмановски кажа дека според извештајот за финансиско работење, во делот на расходи има зголемување за над 40 милиони денари, пред се поради набавка на суровини и хемиски средства во висина од 3,6 милиони денари заради отстранување на проблемот со заматентата вода од мај до август, втората поголема ставка е зголемување на потрошената електрична енергија во висина од 6,5 милиони денари поради истиот проблем на прочистување на водата, но заради повисока цена генерално, како и заради зголемување на минимална плата од 16 милиони денари, а поголеми средства биле потрошени и за амортизација околу 7 милиони денари за набавка на нова цистерна за притисок и др. 

    Минатата година имали и зголемување на приходите поради зголемената цена од наплата за вода и  за прочистување на води за 36 милиони денари, но сепак тие не биле доволни за да ги покријат загубите на јавното претпријатие.

    Советникот од опозицијата Благојче Јаќимовиќ забележа дека доколку зголемувањето на цените за водада била покачена по решение на Регулаторната комисија на почетокот на годината дел од загубата би била амортизирана.

    „Ако ги погледнеме приходите на Водовод за 2024 година и доколку овој Совет се охрабреше и не калкулираше пред избори, да ја изгласаше одлуката по решение на регулаторот, ова јавно претпријатие немаше да биде во загуба од 22 милиони. И доколку власта имаше осет како и претходната и ви дозволеше повластена цена за купување од пазарот, немаше сметките за електрична енергија да се поголеми за 7 милиони. Само по овие две точки Водовод ќе беше во добивка од најмалку 5 милиони денари“, истакна советникот Јаќимовиќ од НСДП.

    Директорот Оливер Стојмановски се сложи дека би имале покачени приходи, но објасни дека најголеми ставки во расходната страна се 3,6 милиони денари за набавка на потрошни суровини и материјали, дополнителни количини набавени по хаваријата во Глажња лани, 6,5 милиони денари поголеми сметки за електрична енергија и 16 милиони денари повеќе за исплата на плати на вработените.

    „Процент на наплата на сметки за 2024 година е 81 посто, но на пример има 15 проценти од граѓаните кои никогаш не плаќаат сметки. Правиме максимално што можеме во овој поглед, но наша единствена можност е присилна наплата преку платни нотарски акти и подоцна извршители, но тоа го развлекува процесот на наплата. Единствено што може да ги зголеми приходите е „Водовод“ да може да работи на изградба на канализациона, атмосферска и водоводна мрежа. Тоа се веќе големи приходи кои би можеле да го оспособат претпријатието самостојно да функционира. Друг начин во овој момент не гледам“, објасни директорот Стојмановски.

    Финансискиот извештај на ЈП „Водовод“ беше усвоен од советниците со 16 гласа за и 6 против.