Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во фоајето на Центарот за култура во Куманово во сабота, 2 ноември, со почеток во 12 часот ќе се одржи хуманитaрен базар за помош на Александра Митровска, 21-годишна кумановка која се соочува со последиците од церебрална парализа, и на која и е неопходна помош.
Организатор на настанот е Здружение на граѓани „Позитиво МС“.
„Упатуваме покана до сите добронамерни и хумани луѓе од градот. По долги години животна борба, Александра конечно има можност за неуророботска рехабилитација, можност која влева оптимизам и надеж за младата девојка. Потребни се 26. 000 евра за тримесечна терапија“, се вели во објавата на „Позитиво МС“ од Куманово.
На базарот ќе се продаваат рачни изработки на накит на локален бренд. На настанот ќе има и музичка содржина со настап на локалниот бенд „Номад“.
„Позитиво МС“ е граѓанско здружение формирано на почетокот на годината, кое се грижи и помага на лица со мултипла склероза и поддршка на нивните семејства.
(Фото. Архива)