Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓани од МЗ „Панче Пешев“ од Куманово на три социјално загрозени семејства донираа храна во пресрет на Велигденските празници.
Пакетите со основни прехрамбени продукти, сувомеснати производи, вода и безалкохолни пијалоци и други потрепштини.
„Повод е празникот, сакавме да помогнеме на дел од нашите соседи. Ова е мала, неформална акција, толку можевме, но се надевам дека на овие семејства барем малко им го олеснивме прославувањето на Велигден“, истакна Бобан Кипријановски, член на месната заедница.
До идејата дошле сосема случајно, во секојдневен разговор постигнале согласност и за кусо време собрале средства со кои ги обезбедиле неопходните работи. Раководството на МЗ „Панче Пешев“ се заблагодарува на своите челнови и соседи кои помогнале во реализација на акцијата.
Ветуваат дека и во иднина ќе продолжат да помагаат на месното население за исполнување на неопходните потреби, особено за време на празници.